
Зеленски: Има добри шанси да се стави крај на војната со Русија
- Детали
- Категорија: Свет
- Создадено: 14 Март 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека има добри шанси да се стави крај на војната со Русија, откако Украина и Америка предложија 30-дневен прекин на огнот, на кој Москва рече дека ќе се согласи само доколку се исполнат одредени услови.
Зеленски истакна дека рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да ги одложи преговорите за прекин на огнот и ги повика Америка и другите сојузници на Украина да извршат притисок врз Русија, пренесува Ројтерс.
По разговорите во Џеда, Украина го прифати предлогот на САД за 30-дневен прекин на огнот, а Путин рече дека начелно се согласува со предлогот, но дека „има нијанси“, пренесува Танјуг
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
