
РКЕ потпиша меморандум за соработка со Регулаторната агенција за енергетика на Црна Гора: Градењето на професионални капацитети е приоритет за нас
- Детали
- Категорија: Бизнис
- Создадено: 08 Април 2025

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) и Регулаторната агенција за енергетика и водни услуги на Црна Гора (REGAGEN) потпишаа Меморандум за соработка. Методологиите за утврдување на тарифи за електрична енергија и водни услуги, заштита на потрошувачите како и институционалниот развој низ призма на градење на професионални капацитети се дел од интересот на кој се фокусира регулаторната соработка.
„Градењето на професионални капацитети е приоритет за нас регулаторите. Формирањето на цени се чини како едноставен процес, но во суштина бара исклучителна експертиза не само од технички аспект туку и од економски и правен. Цените што ги носиме треба да обезбедат сигурна, стабилна и непречена испорака на енергенси / односно снабдување со вода, но во исто време цената треба да биде прифатлива за потрошувачите, воедно да ги заштити и ранливите категории. За да се реализира успешно овој комплексен процес неопходно е континуирана надоградба и едукација на вработените – и тоа е единствениот правилен пат како се градат професионални регулаторни капацитети“ изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Регулаторната работилницата е втора по ред која се одржува помеѓу РКЕ и РЕГАГЕН
„Потпишувањето на меморандумот со РКЕ е формализирање на нашата долгогодишна соработка. Пандемијата и енергетската криза ни покажаа дека сите заедно – земјите од регионот се соочуваме со исти предизвици. Синхронизираниот пристап во делувањето се наметна како природен чекор посебно во турбулентно време. Размената на искуства не е само декларативна заложба, има практично влијание во креирање на решенија кои се предуслов за сигурна, стабилна и непречена испорака на електрична енергија и вода “ изјави Бранислав Прелевич, претседател на одборот на РЕГАГЕН.
Претходно, РКЕ потпиша Меморандум за соработка во областите: енергија, вода и отпад и со Грчката регулаторна комисија за енергија, вода и управување со отпад (RAAEY)
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
