Општина Центар распиша оглас за доделување стипендии за талентирани ученици од областа на културата, спортот, науката, техниката и посебните вештини

Општина Центар распиша оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици од сите осум основни училишта од областа на културата, спортот, науката, техниката и посебните вештини. Заинтересираните ученици кои сакаат да аплицираат за дадените огласи ќе може да поднесат документи само на еден оглас од областа на култура, науки, техника и посебни вештини или спорт. Доколку ученикот поднесе документи во различни категории, истите нема да се разгледуваат. Комисијата при изборот на ученици стипендисти ќе го вреднува успехот постигнат во последните три учебни години.

 

Стипендиите за учениците од областа на науката, техниката и посебните вештини изнесуваат од 3.000,00 до 3.500,00 денари месечно, за учениците од областа на културата 2.500,00 денари и 3.000,00 денари месечно и за талентираните спортисти стипендијата изнесува од 2.500 до 3.500 денари месечно за осум месеци во текот на учебната 2024/2025 година.

 

Општина Центар има за цел од секое училиште да се избере најмалку еден ученик, иден стипендист, кој во наведениот период постигнал одредени резултати и ги исполнува условите на огласот. Доколку од некое училиште нема ученик што целосно ги исполнува критериумите и условите, Комисијата ќе избере ученик што покажал највисоки резултати на одредени натпреварувања и својата одлука за тоа му ја доставува на градоначалникот за донесување решение.

 

Огласите се објавени на веб страната на општината каде се опишани сите услови и потребни документи за учениците кои сакаат да аплицираат и бидат идни стипендисти.

 

Општина Центар останува отворена за секое прашање на заинтересираните ученици.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.