Францускиот јазик да се изучува во центарските училишта: Герасимовски и Ле Риголер со заедничка иницијатива
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 20 Ноември 2024
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, денеска оствари пријателска и конструктивна средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер. На средбата Герасимовски и Ле Риголер разговараа за интензивирање на соработката помеѓу Северна Македонија и Франција.
„Со амбасадорот Ле Риголер разговаравме за интензивирање на соработката, особено во поглед на промоцијата на францускиот јазик во нашите училишта. Договоривме и низа настани и средби со училиштата за негово изучување, со што ќе се зајакне оваа важна иницијатива. Имав можност да изразам голема благодарност за досегашната континуирана поддршка на Амбасадата, со надеж дека во иднина ќе оствариме соработка и на локално ниво преку директен контакт со нивните општини“, рече Герасимовски.
Општина Центар продолжува со силна и успешна партнерска врска со Амбасадата на Франција, моќна и влијателна европска држава, чија помош и искуства се од непроценливо значење за нас.
Францискиот јазик засега се изучува само во ООУ „Димитар Миладинов“, информираат од Општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс