
Герасимовски: Исчистени улиците Никола Тримпаре и Павел Шатев
- Детали
- Категорија: Центар
- Создадено: 06 Февруари 2025

Општина Центар информира дека општинските служби денеска ги исчистија улиците Никола Тримпаре и Павел Шатев. Чистењето на улиците и јавните површини на територија на централното градско подрачје е клучно за квалитетот на живот на нашите граѓани.
„Интензивно работиме на чистење на јавните површини во Центар. Службите на општината денеска ги чистеа улиците Никола Тримпаре и Павел Шатев во централното градско подрачје, вчера ја исчистија и населбата Пролет. Секој ден, мора сите поактивно да работиме за создавање на чиста и уредна околина. И општината, и секој поединец мора да се грижиме за чистотата. Отпадот да го фрламе во канти за ѓубре, а сметот редовно да се собира за да ја унапредиме урбаната инфраструктура и да создадеме здрава и пријатна околина за сите“, вели Герасимовски.
Минатата недела, Општина Центар почна голема акција „Центар не чека, Центар чисти“ кадешто секој ден се собира сметот во сите населби во Центар. Граѓаните можат да пријават смет и диви депонии на следните телефонски броеви: 076/350-767 и 02/3203-693.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
