
Стефковски: Моето име е дел од имињата за градоначалник на Скопје
- Детали
- Категорија: Гази Баба
- Создадено: 02 Јуни 2025

Актуелниот градоначалник на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, потврди дека тој е потенцијален кандидат за градоначалник на град Скопје.
На прашање од медиумите упатено до градоначалникот Стефковски во однос на последната седница за тоа дали очекува да биде кандидат за градоначалник на град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ со оглед на тоа дека Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ не го потврди како кандидат за градоначалник на општина Гази Баба, Стефковски потврди дека неговото име е дел од имињата на потенцијалните кандидати за кои партијата спроведува анкети.
„ВМРО-ДПМНЕ спроведува еден транспарентен и демократски процес на номинирање на можните кандидати за градоначалници и советници за престојните локални избори. Името на кандидатот за градоначалник на Скопје ќе се знае на почетокот од јули. Она што сакам да го потврдам дека моето име е дел од имињата што ќе одат на анкети за градоначалник на град Скопје. За мене, тоа претставува чест и е резултат на посветената работа и на реализацијата на голем број проекти што ги остваривме изминатите четири години. Она што сакам со сигурност да го кажам е дека идниот градоначалник на град Скопје ќе биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и секако кој и да е, ќе ја добие нашата поддршка, но и поддршката од скопјани, бидејќи Скопје заслужува сериозен развој и лик на европска метропола“, изјави Стефковски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
