Ќе се гради ново училиште во Идризово

Владата на вчерашната седница ја усвои Информацијата за потребата од изградба на ново основно училиште во Гази Баба во Идризово.

 

Владата донесе одлука со која ѝ се укажува на Општина Гази Баба да ги преземе сите активности и да достави барање до Министерството за образование и наука за изградба на ново основно училиште во Општина Гази Баба во Идризово за соодветната парцела согласно потребите за бројот на ученици, елаборат за енергетска ефикасност, геодетски елаборат со нумерички податоци за градежната парцела и позитивен извештај за основниот проект.

 

Во врска со оваа информација Владата го задолжи Министерството за образование и наука да започне со постапка за изградба на ново основно училиште во Општина Гази Баба во Идризово.

 

До изградбата на новото училиште, Владата заклучи да ѝ препорача на Општина Гази Баба да се води од законските одредби за основното образование и од принципите што произлегуваат од концептот едно општество за сите, како и од заложбите за интегрирано образование, во договор со родителите на учениците да ги обезбеди сите услови што ќе бидат потребни децата да учат таму каде што ќе одлучат родителите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.