Голема акција за собирање кабаст отпад во Ѓорче Петров

Општина Ѓорче Петров, како дел од својата еколошка политика, организира голема акција за собирање кабаст отпад. Оваа иницијатива е наменета за граѓаните кои сакаат да се ослободат од мебел, бела техника и други предмети што повеќе не им се потребни.

 

Во периодот од 30-ти август до 1-ви септември, ќе бидат поставени контејнери за кабаст отпад на повеќе локации низ целата општина. Во некои делови на општината отпадот ќе се собира директно во контејнери, додека во други, специјализирани возила ќе го транспортираат одложениот отпад.

 

Граѓаните ќе можат да ја искористат акцијата на следните локации:
• Паркингот кај градинката во Даме Груев
• Хром – Полјана
• Последна станица „5-ка“
• Ул. „Социјалистичка Зора“ кај игралиштето
• Ул. „Македонска Војска“ кај гимназија „Кочо Рацин“
• Ул. „Алексо Демниевски“
• Дексион кај старата месна заедница
Во руралните делови, локациите се:
• Дандар
• Блага Вода
• Ново Село кај трансформаторот
• Орман
• Волково кај кружниот тек

 

„Вакви акции ќе се организираат и во иднина, со цел одржување на чиста и еколошки здрава животна средина“, велат од Општината.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.