
Општина Ѓорче Петров почна со целосна реконструкција на клучни улици
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 28 Февруари 2025

Општина Ѓорче Петров започна со целосна реконструкција на коловозите на улиците Никола Вукмировиќ и Вера Циривири Трена, на вкупна површина од 3.000 квадратни метри и должина од 650 метри. Овие две централни сообраќајни артерии ќе бидат опремени со нов, квалитетен асфалт, што ќе го подобри безбедносното и удобното движење на граѓаните, информираат од општината.
Проектот, чија вредност изнесува приближно 35.000.000 денари, е финансиран од Владата на Република Северна Македонија. Оваа инвестиција е дел од поширокиот план за модернизација на инфраструктурата во општината.
Во наредната фаза, градоначалникот најави дека се планираат следните активности:
· Реконструкција на улицата Николај Островски
· Пробивање на улицата Социјалистичка Зора со Сремски фронт
· Изградба на нов локален пат од Волково до селото Орман
„Оваа реконструкција е уште еден чекор кон подобро Ѓорче Петров. Со обновените улици, граѓаните ќе имаат погодни и безбедни услови за движење, а ова е само дел од нашите планови за целосна модернизација на инфраструктурата во општината. Благодарен сум на Владата за поддршката, а на граѓаните им ветувам дека ќе продолжиме да работиме на вакви проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на сите жители“, истакна Стојкоски.
Со овие активности, како што нагласуваат, општината продолжува да биде пример за активно вложување во јавната инфраструктура, со цел да се осигура дека секој жител ќе има пристап до безбедни и модерни патишта.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
