Ученик од Ѓорче Петров најдобар на државен натпревар по математика
- Детали
- Категорија: Ѓорче Петров
- Создадено: 15 Мај 2017
Ученикот Блаже Суклевски од 8 одд.од ООУ „Тихомир Милошевски од општината Ѓорче Петров под менторство на наставничката Анкица Спасова освоија прва награда на државниот натпревар по математика кој се одржа на Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид.
Ова беше нов предизвик за осмодделенецот Блаже Суклевски кој покажа убедливо најдобри резултати пред неговите врсници. Овој млад математичар и досега се закитувал со медали од општински, регионални и државни натпревари. Со титулата најдобар математичар само ја докажа својата супериорност во познавање на оваа природна наука.
Следното натпреварување на кое ќе учетвува Блаже ќе биде на Јуниорската македонска математичка олимпијада.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс