Презентирано идејното решение за новата амбуланта во Ѓорче Петров

Граѓаните на општина Ѓорче Петров се уште се лекуваат во старата и руинирана амбуланта, која е речиси пред распаѓање.

 

На 31 август министерствата за труд и социјална политика и за здравство потпишаа Меморандум за соработка кој вклучува изградба на ново, модерна амбуланта, детска градинка и паркинг со деловен простор.

 

Според најавите, изградбата на амбулантата треба наскоро да започне. Изготвувачите на физибилити студијата пред два дена го презентирале идејното решение за изградба на мултифункционалниот објект, а до април ќе биде објавен тендерот за пријавување на заинтересирани инвеститори.

 

Амбулантата е стара 55 година, а последниве 40 години, воопшто не е реновирана. Граѓаните со нетрпение го чекаат новиот здравствен дом, каде што ќе можат да ги добијат потребните здравствени услуги.

 

Изградбата на новиот мултифункционален објект во кој ќе биде сместена и амбулантата ќе чини 3,5 милиони евра.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.