МВР потврди: Пцовиса и третиот коњ од Монголија во скопската Зоолошка градина

Пцовиса и третиот коњ од Монголија во скопската Зоолошка градина, потврдија од полицијата.

Макфакс“ синоќа објави за пцовисувањето и на третото животно од видот пржевалскиев коњ, кој важи за многу ретка и скапа раса, која потекнува од Монголија.

Со тоа, во период од два дена пцовисаа трите пржевалски коња, а засега постои само сомнеж дека можеби биле отруени. Причината за смртта сепак не е официјално потврдена, а по обдукцијата, ќе се знае дали пцовисале поради погрешен третман или отров.

Од скопската Зоолошка градина засега без објаснување што се случило со коњите.

Животните во Скопје беа донесени од национален парк во Австрија како донација на приватна фирма, а познато е дека не секоја зоолошка градина во светот може да се пофали со коњи од овој вид во својот простор.

Во ЗОО Скопје од инфекција од салмонела пред два месеца пцовиса и жирафта Каспер.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.