Во текот на викендот подигнати 𝟨𝟧 кубни метри непрописно одложен отпад

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за отстранување приближно 65 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Гази Баба и Кисела Вода, известија од Комунална хигиена-Скопје.

Повторно е интервенирано на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица), каде што се подигнати 20 кубни метри претежно мешан комунален отпад одложен на јавна површина на аголот со улицата Максут Садик, во непосредна близина на детското игралиште.

Во општината Чаир се отстранети и 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад на неколку локации во населбата Топаана, како и на булеварот Македонско-косовска бригада.

Екипите на Претпријатието во текот на викендот подигнаа и 10 кубни метри отпад одложен долж булеварот Александар Македонски.

Воедно, расчистени се и приближно 20 кубни метри кабаст и отпад од картонски пакувања одложени на јавни површини на улиците Димо Хаџи Димов и Невена Георгиевска-Дуња во скопската општина Кисела Вода, соопшти Комунална хигиена-Скопје.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.