Марковска-Илиевска: Арсовска помина цел мандат во изговори поради својата неспособност

На денешната седница на Советот на Град Скопје се обрати советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Анета Марковска-Илиевска, која на самиот почеток истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поддржи одлуката за промена на средствата во буџетот, на платите и на придонесите за вработените во противпожарникарната единица.

„Ја поздравувам предлог-одлуката за измена на распоредот на средства во буџетот на Град Скопје за 2025 година, особено за ставките плати и придонеси за вработените во противпожарната единица и во Градот Скопје. Сведоци сме на недостигот на пожарникари и на проблемите при извршување на работните задачи, па со оваа одлука ќе се овозможи вработување нови пожарникари, кој број досега беше преполовен од потребниот, и противпожарната единица во Скопје, се надевам, ќе биде на нивото што ѝ прилега и ќе им од помош на скопјани, па и пошироко“, истакна Марковска-Илиевска.

Советничката се обрати до градоначалничката Арсовска и посочи да престане да манипулира со јавноста, и прстот, поради неспособноста, да го вперува кон ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа од тука апелирам Арсовска да престане да манипулира со јавноста и со вработените велејќи им дека ВМРО-ДПМНЕ опструира, не гласа одлуки, бидејќи помина цел мандат во изговори поради неспособноста да се справи со предизвиците и сè уште продолжува, за жал. Скопјани, бидете спокојни, следува обнова на Скопје од капитални до локални решенија, а ова раководство ќе остане запамтено во историјата како најнеспособното“, рече Марковска-Илиевска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.