(Видео) Одржана показна вежба на Водно за спасување од жичница

Денеска, на жичницата „Милениумски крст“ на Водно се реализира показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица „Тигар“ на Министерството за внатрешни работи.


 

 

Според сценариото, жичницата престанува да работи поради електричен дефект или прекин на струјата и е блокирана целата жичница, со што граѓаните остануваат заглавени во кабините во воздух. Во такви услови се ангажираат обучени тимови за интервенирање во ваков тип на инциденти, со цел безбедно и координирано да ги евакуираат патниците заробени во кабините.

 

„Преку ваквите вежби се стремиме да ги подобриме капацитетите на полицијата за навремено и ефикасно реагирање при слични кризни настани, како и да се зајакне меѓусебната координација, во насока на поголема заштита и безбедност на граѓаните“, истакна министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.