Од петок блокади и на крстосниците во Скопје

Приврзаниците на „Македонија блокира“ кои се противат на уставните измени најавија дека покрај 24-часовното блокирање на просторот пред Собранието, од петок ги прошируваат активностите со блокади и на раскрсници во Скопје во попладневните часови.

 

Драган Угриновски на денешната прес-конференција информира дека се свесни оти поради тоа сообраќајот од петок ќе биде значително отежнат и затоа повикуваат на разбирање од страна на граѓаните.

 

– Ова не го правиме за личен интерес, партиски или за интерес на некое друго здружение, туку за одбрана на светото македонско име, идентитет, историја и традиција на македонскиот народ, рече Угриновски.

 

Во однос на најавените пет јавни дебати и дијалог за Нацрт-амандманите за измена на Уставот што ќе ги организира Владата, Угриновски рече дека тоа е уште една голема измама од власта доколку се погледне списокот на учесници на дебатите.

 

Од „Македонија блокира“ го повикуваат премиерот Заев да учествува и на јавна дебата за уставните промени организирана од нив. Повторија дека цел на нивните активности е распуштање на Собранието и распишување нови избори.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.