Орце Ѓорѓиевски: Првпат по половина век, жителите од улицата 25 во Припор добиваат целосна фекална канализација и нов асфалт
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 14 Ноември 2024
Градоначалникот на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, денес беше во посета на активностите за изградба на улица, за првпат по половина век, каде што претходно жителите добија и целосна фекална канализација. Се работи за сериозен проект, како што информираше тој, бидејќи ова барање на жителите со години се провлекувало но досега не било реализирано.
„Работата е она што ме исполнува и мотивира да направиме уште повеќе, да има задоволни граѓани и да ги решаваме децениските проблеми.
Еден таков, сега целосно решен а се провлекува веќе 50 години низ лавиринтите на лажните ветувања е улицата ,,25” во Припор. Оваа улица за првпат била изградена од самопридонес на жителите и годините поминати си го направиле своето, односно видливите оштетувања беа сериозен проблем во извршување на секојдневните потреби. По разговор со мојот народ кој живее таму и нивните барања кои за мене се приоритет, се пуштивме во акција за да го решиме проблемот трајно. Изградивме фекална канализација во должина од 530 метри, а денес по завршувањето, почнавме со асфалтирање на улицата која опфаќа 1600 метри квадратни површина. Не постои нерешлив проблем кога се пристапува со сериозност, немањето волја е она што е проблем. Затоа, продолжуваме во секое населено место, кај секој домаќин да ги слушнеме барањата кои ги имаат и да пристапиме кон нивно решавање. Мојот народ заслужува! – истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс