Ѓорѓиевски: Реконструктивни активности за современи услови за учениците од село Драчево

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Свети Климент Охридски“ во село Драчево, каде што се изведува целосна реконструкција на тоалетите и санација на фискултурната сала. Со оваа реконструкција, целосно се обновуваат тоалетите за учениците. Ќе бидат заменети сите санитарни елементи, поставени нови подни и ѕидни плочки, нови врати и нов плафон. Проектот, вреден 1.000.000 денари, е финансиран од Министерството за образование и наука.

 

Во рамки на проектот за санација на фискултурната сала, се обновува подот и ќе се заменат прозорците. За оваа намена Општина Кисела Вода издвои 750.000 денари од својот буџет. Реконструираните тоалети ќе се користат во стариот училишен објект додека тој е во функција. Но, уште поголема промена носи изградбата на нова, современа училишна зграда, што веќе е во тек. Овој нов објект ќе овозможи модерни услови за учениците, додека стариот објект, кој повеќе од 100 години има историско и културно значење за жителите, ќе се зачува и ќе добие музејска функција.

 

„Вложувањето во образованието е еден од најважните приоритети на Општина Кисела Вода. Наша цел е да создадеме современи и стимулативни услови за сите ученици. Тоалетите, кои ги обновуваме со цел да бидат функционални додека се користи овој училишен објект, ќе им служат на учениците се до изградбата на новата училишна зграда, која ќе донесе еден нов почеток за идните генерации, а истовремено ќе го сочуваме и богатото културно наследство што го претставува стариот објект. Паралелно, како општина, вложивме 750.000 денари од сопствениот буџет за санација на подот и прозорците во фискултурната сала, со што значително ќе се подобрат условите за изведување на часовите по физичко образование. Вложувањето во училиштата е вложување во иднината на нашите деца и тоа е насока која јас како градоначалник ќе продолжам да ја следам и во периодот што е пред нас- истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.