Движењето ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ остварија средба за соработка

Во просториите на Движењето ЗНАМ – „За наша Македонија“ како што информираат од партијата, се одржала средба за соработка на работните групи на Движењето ЗНАМ и на ВМРО –ДПМНЕ, на која се разговарало за стратешките определби, политичките начела и политичката платформа за соработка.

Од страна на Движењето ЗНАМ на средбата присустувале генералниот секретар, Горан Минчев и потпретседателоте Весна Бендевска и генерал Павле Арсоски, додека од стран ана ВРМРО-ДПМНЕ, потпреседателите на партијата Владо Мисајловски и Тимчо Муцунски.

„Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, својата платформа ја темели на идеолошките столбови на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, а тоа се Македонија современа, демократска, европска држава, втемелена на илинденските и асномските вредности, интеграција на земјата во Европската унија на достоинствен начин; потоа Република Македонија држава во која има правда за сите и нулта толеранција за корупција; Македонија како самоодржлива држава која ќе произведува доволно храна и енергија за своите потреби, забрзани и ефикасни реформи во економијата и социјалните политики во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стабилни меѓуетнички односи“, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Во разговорите претставниците на Движењето ЗНАМ, како што информираат, инсистирале сите овие определби, како и дел од програмата за парламентраните избори „Проглас за достоинствена Македонија“ да бидат дел од идната владина програма.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.