Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список со членовите на новата влада

Во вторник на 18 јуни до Собранието ќе биде доставен официјалниот список на членовите на новата влада, а мандатарот Христијан Мицкоски синоќа рече дека гласањето за новата влада очекува да биде во текот на следниот викенд, 22-23 јуни.

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги соопшти имињата за кадровските решенија во новата влада од коалицијата „Твоја Македонија“, што синоќа беа потврдени од Извршниот и Централниот комитет на партијата.

Тој рече дека нивна работа е да се врати Македонија на народот и дека доаѓаат убави времиња за народот.

Тој ги соопшти имињата на новите министри во македонската Влада.

Министер за транспорт и потпретседател на Влада – Александар Николоски

Министер за одбрана – Владо Мисајловски

Министер за финансии – Гордана  Димитриовска Кочоска

Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски

Министер за локална самоуправа – Златко Перински

Министер за информатичко општество и дигитална трансформација – Стефан Андоновски

Министер за спорт – Борко Ристовски

Министер за енергетика, рударство и минерални суровини  – Сања Божиновска

Министер за земјоделие, шумарство и водостопанство – Цветан Трипуновски

Министер за култура и туризам – Зоран Љутков

Министер за внатрешни работи – Панче Тошковски

Министер за образование и наука- Весна Јаневска

Министер за политички систем – Љупчо Димовски

Министер задолжен за односи меѓу заедниците – Иван Стоилковиќ

Министер задолжен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите – Шабан Салиу

Мицкоски го доби мандатот од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на 6 јуни и има рок од 20 дена до Собранието да достави програма и предлог состав на владата.

Собранието закажува седницата за избор на нова влада во рок од 15 дена по добивање на предлогот, а расправата трае најмногу два дена.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.