
Тешко повреден малолетен мотоциклист во сообраќајна несреќа во Гевгелија
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 21 Август 2024

Вчера во 17.30 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улицата „Ристо Шуклев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски таблици, управуван од малолетник од Гевгелија и патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 42-годишниот З.К. од село Богородица, гевгелиско, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гевгелија“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гевгелија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
