Во магацин од фирма вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели: кривична за маж од Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против И. К. (73) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

 

Пријавениот во магацинските простории на својата фирма во Кочани вршел производство на екстракти од марихуана за медицински цели и покрај тоа што дозволата за оваа дејност му завршила во 2022 година.

 

На 15.2.2024, при претрес во магацинските простории, биле пронајдени и одземени 122 килограми марихуана и 31,39 литар масло од канабис.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.