20-годишен македонски државјанин предводел терористичка група во Австрија, регрутирал и нови членови

Во австрискиот град Сент Полтен е разбиена група осомничена за поврзаност со терористичката организација Исламска држава (ИД), предводена од 20-годишен македонски државјанин.

 

Како што јавуваат австриските медиуми, македонскиот државјанин издржува петгодишна затворска казна, а им бил познат и на властите по неговите активности и поддршката за Исламската држава преку графити што ги цртал во близина на главната железничка станица во Сент Плотен во 2023 година.

 

Македонскиот државјанин не само што активно ја поддржувал терористичката група туку и регрутирал нови членови.

 

Меѓу приведените е и 15-годишен Австриец со мигрантско потекло, кој бил регрутиран од македонскиот државјанин.

 

Австриските власти најавија дека продолжува истрагата.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.