Петрушевски: СДС на чело на АНБ постави член на ИО на партијата како Виктор Димовски, а АР ја партизира со Муслиу, заврши времето на партизација на службите

СДС нема кредибилитет да зборува за безбедносните служби. СДС ги партизираше АНБ и АР додека беа на власт. На чело на АНБ го поставија партискиот кадар Виктор Димовски, кој беше партиски функционер на СДС, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

 

„Виктор Димовски беше член на ИО на СДС, највисоко тело во опозициската партија, и член на нивните комисии. Во АР СДС го има поставено Еролд Муслиу, кој во ек на најголема власт на СДС ги следеше функционерите на ВМРО-ДПМНЕ злоупотребувајќи ја службата. Муслиу правеше хајки против ВМРО-ДПМНЕ, а од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС . Да потсетиме само дека СДС за директор на УБК своевремено го имаше и Миле Зечевиќ, партиски функционер, кој потоа стана и генерален секретар“, рече тој и додаде:

 

„За разлика од кадрите на СДС како Виктор Димовски, Еролд Муслиу и Миле Зечевиќ, ВМРО-ДПМНЕ на чело на службите поставува професионалци. Изборот на Бојан Христовски на чело на АНБ е професионален избор, станува збор за лице кое повеќе од деценија е вработено во безбедносните служби и и служело на државата. Бојан Христовски е лице кое како професионалец бил подлежен на хајка и мобинг од партиските кадри на СДС, исто како и сите останати професионалци во службите. Времето на шиканирање на професионалците во безбедносните служби заврши“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.