Наместо да бара избори нека си ја реформира партијата, му порача Таравари на Али Ахмети

Jас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку веднаш да бара избори. Ваква порака упати министерот за здравство и лидер на АА Арбен Таравари до лидерот на ДУИ Али Ахмети.

 

Околу предвремени избори идната година , министерот за здравство рече дека догодина секако ќе се одржат, но, локални избори.

 

„Ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни, тука сме за да зборуваме и за тоа. Но, пред пет – шест месеци завршија изборите. Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку веднаш да бара избори. Оти ако се одржат повторно идната година, потоа повторно 2026 година пак ќе бара избори. Така да, ајде ние прво како Влада да ги реализираме проектите што се ветени. Дел од нив веќе се реализираат“,посочи Таравари





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.