СДСМ: Воздухот во сите градови е загаден, а ДПМНЕ го намали буџетот за 51 отсто
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 20 Ноември 2024
Последните податоци покажуваат дека во Скопје на сите мерни места загаденоста на воздухот е голема, присуството на ПМ10 честичките се двојно и тројно зголемени. Не само во Скопје, високи концентрации на ПМ10 честитчки се регистриани и во другите градови, Битола, Кичево, Кавадарди, Куманово, Охрид, Гостивар, истакнуваат од СДСМ.
Од оваа партија оценуваат дека аерозагадувањето е високо, граѓаните се гушат, а ниту власта на ДПМНЕ ниту градоначалниците од оваа партија не превземаат некакви мерки.
„Дополнително, во Буџетот 2025 власта ги намали парите за чист воздух за 51%, парите за заштита на животната средина се намалени за цели 25%, а парите за развој на енергетиката се намалени за 41%.
Ова значи дека власта на Мицкоски нема намера ништо да преземе за да ги заштити граѓаните.
Со мерките на СДСМ и Планот за чист воздух, којшто е прв стратешки документ на некоја влада досега во борбата со аерозагадувањето, започна тренд на посетепено намалување на загадувањето.
Со Планот се направи промена на нееколошкиот начин на загревање на градинките, училиштате, јавните објекти и се презедоа сет на повеќе мерки.
Со тоа започна на годишно ниво да има намалување на штетните честички ПМ 2.5 во воздухот за -564kg како и намалување на честитчките МП 10 за -735kg годишно“, наведуваат во реакцијата.
Затоа власта на ДПМНЕ, како што додаваат, требаше да продолжи и да ги засили мерките, за постепеното намалување на концентрациите на штетни честитчки во воздухот да продолжи.
Според СДСМ, борбата за чист воздух е процес кој бара посветеност, знање и конркетни мерки но очигледно тоа не е приоритет за Мицкоски и ДПМНЕ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс