Еден од девет смртни случаи кај децата до една година е поврзан со загаденоста – ќе се протестира на 10 декември
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Декември 2024
Во вторник, на 10 декември, во 16 часот ќе биде одржан протест поради загадениот воздух.
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ која го најави протестот, соопшти дека ќе почне од Министерство за животна средина, па преку Собранието ќе заврши пред Владата.
„Протестираме бидејќи секоја година во Македонија се бележат околу 3.828 смртни случаи предизвикани од изложеност на честичките PM2.5, кои се меѓу најштетните за здравјето. Тоа изнесува 17.7% од вкупната смртност во државата. Овие честички се поврзани со широк спектар на здравствени проблеми, како што се белодробни заболувања, срцеви удари и рак на белите дробови. Особено загрижувачки е дека еден од девет смртни случаи кај деца до една година во Македонија е поврзан со загадениот воздух! Загадувањето во Скопје и другите градови во Македонија со години е проблем на сите жители, а со тоа и на секоја власт. Колку побрзо се почне со спроведување мерки кои меѓусебно се надополнуваат и си го зголемуваат позитивниот ефект врз квалитетот на воздухот – толку побрзо ќе го решиме овој долгогодишен проблем“, велат од граѓанската иницијатива.
Од надлежните институции, Владата и општините, бараат да преземат итни и среднорочни мерки за справување со загадувањето на воздухот.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс