ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ одбиваат лидерска, велат од СДСМ
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 04 Декември 2024
„Изненадени сме од ставот на ДУИ дека Филипче и СДСМ шират албанофобија кога единствената партија која повикува на единство и стабилизација на меѓуетничките односи е токму СДСМ и претседателот Филипче“, велат од СДСМ.
„СДСМ е фактор на стабилност во Македонија од нејзиното осамостојување и гарант на стабилните меѓуетнички односи. Сите историски немили настани на тој план биле надминати заради државничкото политичко однесување на СДСМ.
Очекувавме дека ДУИ први ќе ја прифатат лидерската средба за стабилност која ја понуди претседателот Филипче. За жал, тоа не се случи и ДУИ пропушти можност исто како и ВМРО-ДПМНЕ да покаже дека вистински се залага за мирот и стабилноста во државата. СДСМ продолжува да делува конструктивно на ова поле и да биде заштитник и промотор на правата на сите граѓани на Македонија, без разлика од која етничка заедница потекнуваат. Сржта на новата платформа на СДСМ е еднаквоста, правдата и меѓусебното почитување и ниеден напад на овој темел на социјалдемократијата нема да вроди со плод.
Ја користиме оваа прилика уште да ги повикаме ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и сите останати парламентарни партии да го прифатат повикот за лидерска средба од каде заеднички ќе испратиме порака за стабилност. Доколку ова не го прифатат, со жалење ќе мора да констатираме дека некоја од овие партии има интерес од постајно подгревање на тензиите што е многу опасно за државата“, соопшти СДСМ.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс