На судиите кои не работат според законите местото нема да им биде во судскиот систем, порача Александар Камбовски, новоизбраниот претседател на Судскиот совет
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 03 Јануари 2025
Судијата Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет на Република Северна Македонија.
Денеска Советот на 510-тата седница со 13 гласа го избра Камбовски, кој доаѓа од Апелација Битола а беше избран за член на Советот во јуни минатата година.
„Бидете уверени дека институцијата ќе се води со интегритет, непристрасност и максимални напори за заштита на судската независност. Ова е куќа на судиите, ги охрабруваме да работат согласно законите и да не потпаѓаат под никакви влијанија“, изјави Камбовски по изборот.
Судиите кои не работат според законите според него ќе бидат отстранети од судскиот систем.
„Крајно време е да се стави крај и секој судија кој не работи според законите, туку според негови лични интереси и потпаднал под влијание, дека местото нема да му биде во судскиот систем“, потенцира Камбовски.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс