Гостиварци измамиле болно лице да им ја продаде куќата четирипати поевтино, МВР поднесе кривична

Против двајца гостиварци на возраст од 51 и 76 години, МВР поднесе кривичи пријави за измама, соизвршителство и помагање поради доведување во заблуда на лице со одземена деловна способност.

 

„Првопријавениот, во периодот од 2018 до крајот на декември 2024 година, со намера да се стекне со сопственост врз недвижен имот со поголема вредност, заедно со вторoпријавениот во својство на купувач, довеле во заблуда лице со одземена деловна способност да им продаде семејна куќа во Гостивар со пазарна вредност од 21.490.000 денари, да ја купат за 5.231.750 денари“, објави МВР во дневниот билтен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.