Тошковски: Државата има тотално нефункционален систем, кој би требало да одговори на кризни состојби, пожари, поплави
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 22 Јануари 2025
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека државата има тотално нефункционален систем, кој би требало да одговори на кризни состојби, пожари, поплави, и дека е потребно создавање функционален систем преку создавање квалитетна законска легислатива.
„Освен адхок-решенија, да создадеме систем што ќе биде функционален и да одговори на овие состојби. Ангажирани се странски експерти, кои со своето искуство ќе помогнат во насока на збивање на редовите во Македонија, што значи дека идејата на Владата за спојување одредени институции, најверојатно, ќе треба да се имплементира најбргу што може, да се создаде законска легислатива и понатаму да одговориме сериозно како што ѝ прилега на една држава“, истакна министерот Панче Тошковски.
Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес беше дел од седницата на упрвувачкиот комитет за координација и управување со Системот за управување со кризи, со која раководеше министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. На настанот во Центарот за управување со кризи, на кој присуствуваа и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, министерот за одбрана, Владо Мисајловски, потпретседателот на Владата, Љупчо Димовски, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Џевад Селами, како и директори и претставници на АД „Водостопанство“, УХМР, „Национални шуми“, беа дискутирани предлозите за привремено унапредување на кризниот менаџмент во делот на справување со какви било кризи и елементарни непогоди.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс