Муцунски – Бримора: Проширувањето на Европската Унија останува приоритет на полското претседателство
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 24 Јануари 2025
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на средба го прими вршителот на работите во Амбасадата на Република Полска, Мариуш Бриморa.
На средбата беше нагласена силната и искрена врска помеѓу двете земји, заснована на долгогодишни пријателски односи. Министерот Муцунски ја подвлече важноста на поддршката од Полска во процесот на европските интеграции на Северна Македонија, особено во контекст на актуелното Полско претседателство со Советот на Европската унија.
Министерот Муцунски, во таа насока, изрази уверување дека Полското претседателство ќе го динамизира пристапниот процес на Северна Македонија, овозможувајќи побрз напредок во исполнувањето на критериумите за членство и интеграцијата во Европската унија.
Вршителот на работите Бримора, пак, нагласи дека проширувањето на Европската унија со земјите од Западен Балкан останува приоритет на Полското претседателство во следните шест месеци. Тој го поздрави реформскиот напредок на нашата земја, која сѐ поблиску се приближува до европското семејство, и потврди дека Полска силно и недвосмислено ќе продолжи да го поддржува нашиот европски пат.
Од двете страни беше повторена заедничката посветеност за зајакнување на билатералната соработка и регионалната стабилност, како и подготвеноста за континуирани напори во промоцијата на вредностите и принципите на Европската унија, со цел остварување на заедничкиот интерес за стабилна и просперитетна Европа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс