Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно

Наутро студено, преку денот умерено до значително облачно. Попладне и кон крајот на денот претежно во западните и источните планински региони ќе има повремени локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени.

Во Скопје утрото студено, во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Времето во наредните денови

Во четврток претежно во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови повремен дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде стабилно и суво, а локални врнежи од дожд, на планините од снег повторно се очекуваат во недела.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.