
Дамева: Оставка се поднесува само ако постојат оправдани причини, ќе ја анализирам содржината на интерпелацијата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 12 Февруари 2025

Поранешната претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, вчера ја добила интерпелацијата, но за да изгради став, вели дека треба да ја анализира содржината.
„Интерпелациата, која е поднесена во Собранието, ја добив доцна во текот на вчерашниот ден и сум во фаза на анализирање на причините и, генерално, на нејзината содржина. Во моментот кога ќе го изградам мојот став, сигурно и на јавноста ќе ѝ биде соопштен. Јавноста нема да остане без моето произнесување“, рече Дамова.
Во однос на очекувањето на премиерот Христијан Мицкоски членовите на Судскиот совет да бидат доблесни и сами да поднесат оставки доколку Собранието изгласа интерпелација, Дамева денес немаше конкретен одгвор.
„Оставката е личен чин и се поднесува само во случај ако постојат оправдани причини за тоа“, вели Дамева.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, официјално ги извести членовите на Судскиот совет, Весна Дамева, Тања Чачарова-Илиевска, Милазим Мустафа, Павлина Црвенковска и Селим Адеми, дека е побарана интерпелација за нив. Петтемина за членови на Судскиот совет беа избрани во Собранието.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
