МВР со нов мултимедијален центар за обука: Целта е поефикасна и попрофесионална полиција

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес во Центарот за обука на МВР во Идризово официјално го отвори Мултимедијалниот центар за обука на МВР реализиран во рамки на проектот „Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија“.

 

Центарот е резултат на заедничката соработка помеѓу мисијата на ОБСЕ во Скопје и МВР и претставува вистински чекор напред во модернизацијата на обуката и создавањето на услови за подобрување на вештините и знаењата на сите припадници на министерството за внатрешни работи преку интегрирање на иновативни хибридни и мултимедијални алатки за учење.

 

„Проектот се имплементира од 2021 година низ повеќефазен пристап, со цел да се создаде одржлив хибриден образовен систем во МВР, во рамки на кој дваесет и три хибридни обучувачи, избрани преку постапка заснована на заслуги, поминаа низ програма за хибридни обуки од 10 модули, учејќи како да користат современи алатки за создавање и испорачување на обуки онлајн, на лице место и комбинирано. Девет теми односно обуки беа воспоставени како најпотребни и, оттогаш, хибридните обучувачи континуирано работат во тимови за да создадат сеопфатни, интерактивни обуки за секоја тема како што се: полициски интегритет, родово сензитивно полициско работење, гранично полициско работење, управување со стрес, полициско работење во заедницата, освежување на вештините за обучувачи, комуникациски вештини и финализирање на активностите преку основањето на Мултимедијалниот центар.“, потенцираше министерот Тошковски.

 

Министерот Тошковски истакна дека мултимедијалниот центар не е само нов објект туку е вистинска нова можност за развој и напредок бидејќи ќе биде место за континуирани обуки кои ќе ја подобрат ефективноста и професионалноста на сите вработени во Министерството за внатрешни работи.

 

Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал подвлече дека овој центар е дизајниран за развој и реализација на ефективни, мултидисциплинарни програми и обуки со користење на виртуелни алактки.

 

„Со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Република Северна Македонија повторно предничи во намерите за унапредување на полициските обуки. Горд сум на ова што го постигнавме заедно и се надевам на продолжување на плодно партнерство и во иднина“, рече амбасадорот Килијан Вал, шефот на мисијара на ОБСЕ во Скопје.“, потенцираше амбасадорот Вал.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.