Јелена Розга за деловниот и емотивниот живот: Минатата година ми беше бајка

Јелена Розга за хрватските медиуми проговори за кариерата и приватниот живот.

 

Пејачката во интервју за „Вечерњи.хр“ се осврна на изминатата година истакнувајќи ја како успешна.

 

„И во однос на кариерата и во емотивната смисла изминатата година беше бајка за мене. Една од најубавите и секако најуспешна во мојот живот, а тешко ми е да издвојам само една бидејќи сè се преплетуваше и се поклопуваше прекрасно“, вели таа.

 

Розга потоа откри колку е тешко да се балансираат приватните и работните обврски.

 

„Не ми е тешко, ова не е работа во која приватното и деловното се строго разделени, мојата работа е мојот живот, приватен и професионален. Сето тоа се испреплетува и се надополнува и никогаш не сум целосно исклучена, секогаш нешто планирам и смислувам. Се разбира, ми требаат моменти на мир, да ги наполнам батериите, а сакам и да патувам, па секој момент кога сум ослободена од обврски и настапи, патувам, најчесто јануари кога сè некако се смирува“, додаде таа.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.