
Кривична пријава за седум врботени во Центарот за социјални работи во Тетово
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 24 Февруари 2025

Тетовската полиција поднесе кривична пријава против И.Е.(42) од с.Пршовце, тетовско, вработен во Центарот за социјални работи Тетово, поради злоупотреба на службената положба и овластување. Кривични пријави се поднесени и против А.Х.(45), Б.И.(45), Т.С.(62), Д.О.(59), сите од Тетово и Б.А.(46) од с.Боговиње, тетовско, сите вработени во Центарот за социјални работи Тетово, поради несовесно работење на служба и против уште едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „посебни случаи на фалсификување исправи“.
На 17 јули 2022, првопријавениот изготвил записник, со што овозможил незаконска ретроактивна исплата во износ од 289.495 денари на сметка на едно лице од Тетово.
Второпријавениот пропуштил должен надзор, односно овозможил да се користи неговата шифра од вработените во центарот.
Третопријавениот, со ставање на неговата шифра на располагање на други вработени, овозможил нејзина злоупотреба, односно од неа да се пуштат наведените парични средства.
Четврто и петтопријавените овозможиле на вработените да го користат службениот печат односно да го злоупотребат со ставање печат на фалсификувани документи.
Шестопријавениот, во својство на директор во Центарот, не покренал постапка за утврдување на одговорност за противправно остварување на правото на социјална сигурност на стари лица на подносителот. Додека, пак, седмопријавениот ставил потпис и печат на решението во име на лице кое веќе било во пензија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
