
АВМУ: Медиумите да бидат внимателни во известувањето за трагедијата во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 16 Март 2025

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко жалење во врска со трагедијата во дискотека во Кочани.Бидејќи станува збор за трагедија од големи размери во која има и човечки жртви, Агенцијата ги повикува медиумите да бидат особено внимателни во известувањето со цел да се почитува достоинството на жртвите и да не се предизвикува дополнителна болка на нивните семејства. Од овие причини, информациите коишто ќе бидат објавени мора да точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да биде јасно кажано.
Медиумите мора најодговорно да водат сметка за рамнотежата помеѓу правото на јавноста да биде информирана и за личната болка и жалост и да избегнуваат да објавуваат експлицитни сцени,фотографии,видеа од настанот, односно стриктно да ги почитуваат професиоалните и етички стандарди. При евентуално објавување на сензитивни содржини тие треба да бидат означени со соодветно визуелно или акустично предупредување.
Воедно медиумите треба да прилагодат севкупната програма и да емитуваат содржини соодветни на ваков настан.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
