Кога се изборивме со се, кога го добивме тоа што го сакаме: напиша сопругата на Тоше кој загина во пожарот во Кочани славејќи го раѓањето на неговиот син

„Кога се изборивме со се кога го добивме тоа што го сакаме. Нашата љубов доби плот кој ќе не веселеше цел живот на кој ке се смеевме и радувавме, што се случи зошто овој живот е толку суров и безмилосен зошто ги зема луѓето кои треба да живеат на кој животот е пред нив“, напиша сопругата на Тоше Богданов, кој загина во пожарот во дискотеката во Кочани. Тој во саботата отишол да го прослави раѓањето на својот син во дискотеката.

 

„Јас ќе бидам храбра мама и ќе се борам нашето мало ангелче да израсне во човек како што беше ти добар храбар и јак човек. Кога ќе порасне и ме праша мамо каде е мојот татко јас ке му речам да поглетне во небото и да ја гледа најсјајната ѕвезда што свети а тоа ке бидеш ти.
А јас ке бидам таа што секогаш ке те сакам и никогаш нема да те заборавам.
Вечна ти слава беше незаменлив човек“, напиша неговата сопруга Деспина Богданов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.