
Тага, болка и гнев – Кочани ден по трагедијата низ фотографии
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Во Кочани, градот во кој се запали нелегалната дискотека „Пулс“, голем број семејства се завија во црно.
Во пожарот, животот го загубија вкупно педесет и девет млади луѓе, а повеќе од 100 лица се повредени.
Низ улиците се слуша плач, тага, но и гнев кон системот кој повторно потфрли, дозволувајќи со години, без лиценца, младите луѓе да се забавуваат во руиниран објект кој нема никакви безбедносни гаранции.
На денешниот протест се бараше правда, а беше демолирано и кафулето чијшто сопственик ја поседува изгорената „Пулс“.
„Младите ни заминаа, како да се опоравиме од ова?“, коментираа граѓаните кои во плач се придвижија на протестот.
„Бараме одговорност“, велат тие.
Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија, Крешник Бектеши. Државниот обвинител, Љупчо Коцевски информираше дека во моментов и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка, е во зградата на Обвинителството и дава исказ. Граѓаните се собраа пред општинската зграда и го повикуваа да излезе, но тој не се појави пред нив, ни вчера ни денес.
Премиерот, Христијан Мицкоски, тврди дека Папазов нема никаква вина, но ја поздрави неговата одлука да поднесе оставка од морални причини. Тој рече и дека минатата година биле издадени само 12 лиценци за кабареа, а може а се заклучи колку многу клубови работат во државата. Како што додаде, сите кои се без лиценци ќе бидаат затворени и ниту еден клуб нема да работи нелегално.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
