Оставете ја шупата, нека сведочи за нашата мизерија, тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку: Тамара Тодевска за смртта на нејзините колеги

Не напуштија наши верни колеги, уметници, невидени таленти и предобри луѓе. Немам зборови кои можат да ја опишат оваа болка и тага. Лута сум, гневна, тажна, разочарана, се огласи на социјалните мрежи Тамара Тодевска за смртта на нејзините колеги од ДНК.

 

„И не сакам да бирам зборови и сето ова да звучи „пристојно“ и „коректно“. Затоа што тука веќе одамна ништо не е пристојно, ништо не е на цена, а човечкиот живот најмалку.
Со Андреј имам преубави моменти, заеднички настапи, концерти и дружби… Сара! Нема уметник во Македонија на кој му „нема чувано грб“, душа од човек и другарка. Фичо беше невиден талент… Горги беше наш колега, чие време допрва доаѓаше…
Оставете ја „шупата“. Нека сведочи за нашата мизерија, за колективната негрижа, корупција и мизерија. Нас ни нема спас.
Големо сочувство до семејствата и блиските на моите колеги, другари, до сите луѓе кои денеска загинаа во Кочани… до следната трагедија’, напиша Тодевска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.