Обвинителството досега најде 14 одговорни за трагедијата во Кочани, се бара краткотраен притвор за сите

Четиринаесет лица се прцесуирани и за нив Обвинителството ќе бара краткротраен притвор, а меѓу нив е и ексминистерот за економија, Крешник Бектеши. Државниот обвинител, Љупчо Коцевски информираше дека во моментов и  градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, кој претходно поднесе оставка, е во зградата на Обвинителството и дава исказ.

 

Тој рече дека обвинителскиот тим е проширен на 9 јавни обвинители, кои интензивно постапуваат со обезбедување докази за трагедијата со која се соочи Кочани и цела Македонија поради сложеноста и тежината на настанот.

 

„Вчера и денес се издадени многу наредби и дејствија. Меѓу нив, на лице место се издадени 59 наредби за обдукции, наредби за обезбедување видео материјали, обезбедување на документација од правен субјект, вештачење мобилни телефони. Со наредби обезбедни преку ЈО се извршени претреси во Министерството за Екомонија и две други институции“, рече Коцевски.

 

Полицијата е овластена да го уапси било кој кој придонел кон настанување на катастрофалните последици, со своето постапување или непостапување.

 

Обвинителството итно побарало да бидат вклучени и градежна и трудова инспекција. Ангажирани се и вештаци од висоокообразовна установа.

 

„Цениме дека овие констатации се она што ќе го означи целото постапување. Показатели за непостапување има уште кога овој обкет бил пуштен во употреба и работел. Бидејќи постои централизирано дело во инспекциските служби, ќе биде испратено барање до инспекцискиот совет за лоцирање на одговорност чие постапување или непостапување довело до овој исход“, рече Коцевски.

 

Како што посочи, Обвинителството ќе мора да се справи со „прогледувањето низ прсти“ од било кој мотив.

 

„Ветувам дека истрагата ќе биде брза, ефикасна и сите кои сториле инкриминирани дејствија ќе одговараат. Ги разбирам граѓаните за гневот кој го чувствуваат, но апелирам во ова време смирено да се обединиме, виновниците да одговараат“, рече тој.

 

Одговорноста засега ќе се оценува низ делото: „тешки дела против општата сигурност“, со што се предвидува казна затвор од најмалку 3 до најмногу 20 години.

 

Коцевски рече и дека сите шпекулации за потенцијални ефекти на измените на кривичниот законик ги отфрла како неосновани и манипулативни.

 

Тој објсни дека јавноста не смее да се доведе во заблуда дека се одредуваат притвори од 48 часа, а не повеќе.

 

„Мерката краткротраен притвор е за обезбедување присуство на лицата, а се предлага во сложени предмети кога е потребно да се обезбедат докази. Може најмногу да биде одредена мерка најмногу два пати по 48 часа, што му овозомжува на обвинителот да го задржи лицето подолго од 24 часа. Смислата е јавниот обвинителд а има доволно време да ги преземе сите активности и да ги утврди фактите и околностите. Потоа се предлагаат нови мерки и краткотрајниот притвор се заменува со редовен притвор. Ваква мерка е предложена за 8 лица, а три се хоспитализирани. Ќе продолжи кога ќе им се подобри здравствената состојба“, појасни Коцевски.

 

Рече дека на обвинителскиот тим му претстојат уште неколку дена за да ги обезбеди сите докази за истражна постапка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.