
Бектеши со лисици на рацете однесен од полициската станица во Карпош пред судот во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 17 Март 2025

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, со лисици на рацете, придружван од полицајци од полициската станица во Карпош ќе биде превезен во Кочани, каде ќе треба да даде исказ пред судија на претходна постапка.
Претходно државниот обвинител, Љупчо Коцевски, информираше дека за Бектеши и уште 13 лица ќе се бара краткотраен притвор.
Издавањето на лиценца за дискотека е под надлежност на Министерството за економија. Дискотеката „Пулс“ приложила фалсификувана лиценца издадена во март, 2024 година.
Во пожарот во дискотеката загинаа 59 млади лица, а повеќе од 100 се здобија со повреди и се лекуваат во државата и во неколку други земји, меѓу кои Бугарија, Србија, Грција.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
