Пониски утрински температури во земјата, најстудено на Попова Шапка

Утрово најстудено било на Попова Шапка каде што се измерени -8 степени, -4 било во Крушево и Маврови Анови, -1 во Берово, 0 во Крива Паланка, Прилеп, Охрид, Битола, Тетово, Куманово и Претор, 1 во Скопје-Зајчев Рид, 2 во Штип, Виница, Велес и Струмица, 3 во Скопје-Петровец, 4 во Кавадарци, 5 во Демир Капија, 6 во Гевгелија.

 

Наврнат воден талог во изминатите 24 часа (во l/m2)

9 Охрид, Маврови Анови, 6 Крушево, 5 Крива Паланка, Берово, Пожаране, 4 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, 3 Битола, Штип, Попова Шапка, 2 Прилеп, Виница, Претор, 1 Скопје-Петровец, Демир Капија, Куманово, Кавадарци, Пожар.

 

Висина на снежна покривка во 07 часот (во сm)

6 Крушево, 1 Охрид.

 

Времето денеска

Променливо облачно и студено со умерен до засилен северен ветер (над 60км/ч.). Претпладне претежно во западните и југозападните делови ќе има повремени врнежи од снег. Попладне облачноста ќе се намали и врнежите насекаде ќе престанат. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за провејување на слаб снег. Максималната температура ќе достигне до 9 степени





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.