
Краткотраен притвор досега за вкупно 17 лица за пожарот во дискотеката во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Март 2025

На уште едно лице му е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со трагедијата во Кочани, со што вкупниот број на лица опфатени со оваа мерка се искачи на 17 лица.
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски вчера изјави дека покрај 16-те лица, уште на уште едно лице ќе му биде определен 48-часовен притвор.
Најави брза и ефикасна истрага, која ќе биде најпрофесионално изведена. Според него, се работи за многу тежок, комплициран предмет, во кој има многу жртви.
Меѓу притворените на кои им е изречен 48-часовен притвор се и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, и поранешниот директор на Пазарниот инспекторат, Горан Трајковски.
На некои од оние на кои им е изречена оваа мерка вечерва им истекуваат 48-те часа.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
