Медиумите да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди: АВМУ за информирањето за погребите на жртвите од несреќата во Кочани

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги ги потсетува медиумите при информирањето за погребите на жртвите во трагичниот пожар во Кочани да се придржуваат до највисоките професионални и етички стандарди.

 

„Известувањето треба да биде без сензационализам, задолжително треба да се почитуваат личната болка и жалоста на семејствата, роднините и најблиските на загинатите и да се води сметка да не се придонесува за дополнително зголемување на вознемиреноста. Во оваа насока се и барањата од жителите од Кочани, кои вчера се обратија директно до Агенцијата, како и преку социјалните мрежи, со апел медиумските работници да се држат понастрана за време на погребите и да не снимаат со дронови. Медиумите да внимаваат при правењето и особено при објавувањето снимки и фотографии со цел да им дозволат на семејствата и родителите достоинствено и со почит да се збогуваат со своите ближни.

 

Генерално, деновиве медиумите покажаа висок степен на професионалност. Имаше неколку случаи на емитување филмови и серии со забавна содржина за што се доставени и претставки до Агенцијата поради што посочуваме радиодифузерите да обрнат поголемо внимание при креирањето на програмската шема. Истовремено, важно е и класичната музика, која се емитува, да биде соодветна на деновите на жалост.

 

Aпелираат до медиумите да им ја дадат потребната поддршка на своите медиумски работници, кои изминативе денови при извршувањето на своите работни обврски се изложени на исклучителен стрес и со тоа на здравствени ризици





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.