
Таравари: Сите хоспитализирани пациенти во Солун во моментот се во стабилна состојба
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 18 Март 2025

Министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, денеска во раните утрински часови, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, и д-р Илир Вела, пристигна во Солун со цел да ги посети и да се информира за здравствената состојба на хоспитализираните пациенти.
„Ги посетивме Општата болница ‘Папаниколау’ и Воената болница во Солун и во овој момент можам да информирам дека сите пет пациенти примени во овие установи се во стабилна состојба. Изразувам искрена благодарност до нашите колеги во Солун, како и до грчкиот народ и до владата, за нивната посветеност и поддршка, како и за помошта што ни ја дадоа во овие моменти“, изјави министерот Таравари.
Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
