Германскиот министер за одбрана: Разговорот Трамп – Путин беше неуспешен

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус го критикува телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин нарекувајќи го промашен.

 

Писториус овие изјави ги даде во програма на ЗДФ. Руските напади врз украинската инфраструктура „не престанаа по овој наводно голем телефонски повик“, рече Писториус.

 

„Путин игра игра овде и сигурен сум дека американскиот претседател нема да може долго да остане пасивен“, рече тој. Писториус исто така изјави дека ќе дојде време кога Трамп „ќе реагира, ќе мора да реагира“ за да ги зачува „силата и престижот“ на САД.

 

Разговорот меѓу Трамп и Путин се одржа синоќа и не резултира со целосен 30-дневен прекин на огнот, како што предложија Американците. Сепак, Путин се согласи на привремена пауза во нападите врз енергетската инфраструктура. На тоа се согласи и Киев. Но, денеска веќе се случија напади од двете страни.

 

Германскиот министер Писториус рече дека е грешка да се исклучи Европа од разговорите меѓу Трамп и Путин бидејќи „на крајот, мирот, ако дојде, мора да биде обезбеден и на европска почва“.

 

Трамп го пофали разговорот со Путин како многу добар и продуктивен.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.