
МНР: Трошоците за превоз и сместување за семејствата на македонските пациенти кои се лекуваат во странство се целосно покриени од Владата
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Март 2025

Во изминатиот период на социјалните мрежи се појавија бројни информации поврзани со обезбедувањето сместување за семејствата на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, кои во моментов се лекуваат во странство.
Ја информираме јавноста дека трошоците за превоз и сместување за нив се целосно покриени од Владата на Република Македонија, преку Службата за општи и заеднички работи на Владата. Воедно, ги повикуваме семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или сместување да се обратат на телефонскиот број 070-270-370.
Дополнително, сите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за обезбедување потребната логистичка поддршка во земјите каде што се лекуваат пациентите. Контакт-листата со телефонски броеви е објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а на располагање се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Оперативниот штаб формиран за оваа намена, е во постојана комуникација со сите надлежни институции, вклучително и со дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство.
Солидарноста и одговорноста се клучни во вакви моменти, затоа апелираме до граѓаните да се воздржат од споделување непроверени информации, со цел да се спречи понатамошно ширење на дезинформации.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
