
„Влен“ оддаде почит на жртвите од трагедијата во Кочани
- Детали
- Категорија: Македонија
- Создадено: 19 Март 2025

Претставниците на коалицијата „Влен“ одржаа почит во чест на трагично изгубените животи во Кочани.
„Во општините каде што раководиме, со длабока болка и голема почит, со молчење се поклонивме да ја изразиме нашата солидарност со семејствата на жртвите и со сите погодени од оваа трагедија. Оваа катастрофа го потресе секое срце и го допре секое семејство, без разлика на нашата етничка припадност или на јазикот што го зборуваме. Денеска сме обединети во болка и во спомен на оние кои повеќе не се со нас. Ова е момент кој не потсетува на вредноста на животот и важноста на меѓусебната поддршка во тешките денови“, велат од „Влен“.
Во овие моменти на жалост, додаваат, нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите и со сите оние кои се соочуваат со последиците од оваа трагедија. „Влен“ стои покрај нив, споделувајќи ја болката и силата да се справи со оваа тешка загуба.
„Нашата коалиција се води од принципот на солидарност и хуманизам и во овие тешки моменти ја потврдуваме нашата посветеност да бидеме блиску до граѓаните, не само во моменти на радост, туку и во моменти на тага“, се додава во соопштението на коалицијата
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс
